Првпат откако е измислен модерниот автомобил, можно е одговорноста за несреќи и прекршоци да се префрли на производителот.
Производителите на автомобили се обидуваат да ги надминат правните предизвици со кои се соочуваат во случај на несреќа со автономно возило. Едно од клучните прашања, кое во голема мера го забавува пристигнувањето на автономните возила на патиштата низ светот, е одговорноста за нивното однесување во сообраќајот. Во случај на фатална несреќа со автономно возило, кој треба да ја сноси вината? Дали во тој случај ќе биде виновен неговиот сопственик, тој што седел во возилото, операторот во случај на такси или фабриката?
Обединетото Кралство наскоро би можело да понуди правен одговор и со тоа да стане европски лидер во законодавството од овој тип. Новиот закон за автономни возила, најавен во Парламентот на земјата, би можел да го реши горенаведеното прашање. Доколку се случи несреќа на патиштата во Обединетото Кралство, а е предизвикана од автономно возило, целата одговорност ќе падне на неговиот производител, се вели во предлог-законот.
Освен на учесниците во несреќата, ваквата јасно дефинирана одговорност би можела да им одговара и на осигурителните компании, кои веројатно ќе претпочитаат да осигуруваат автономни автомобили знаејќи дека полесно ќе го утврдат виновникот и ќе наплатат.
Надлежните велат дека ќе се расправа за законот на следната седница на Парламентот и дека тој ќе обезбеди заштита на корисниците и возачите, но и ќе ги промовира безбедносните принципи на ниво на целата индустрија. Дополнително, со истиот предлог-закон ќе се воспостават процеси за истражување несреќи и ќе се постави нова дефиниција за она што е класифицирано како самоуправувачки автомобил.
Извор:
Autonet
Насловна фотографија: Pixabay