X
 14.04.2023 Здравје

Мирисот на нов автомобил може да биде штетен за здравјето

За некои, мирисот на сосема нов автомобил е прекрасен. Меѓутоа, предолгата изложеност на овој мирис на високи температури може да биде штетна за здравјето.

Кинески и американски истражувачи откриле дека новите автомобили оставени на високи температури во период од 12 дена имаат опасно ниво на хемиски состојки кои предизвикуваат рак. Во новите автомобили кои биле паркирани со денови, при високи температури, биле откриени нивоа на формалдехид кои ги надминуваат стандардите за 35 отсто.

Ацеталдехидот, кој се смета за канцероген, во новите автомобили на високи температури ги надминувал границите за 61 отсто. Било откриено и опасно ниво на бензен, кој се смета за предизвикувач на рак, а се наоѓа во боите, бензинот и цигарите.


Фото: Pixabay

Истражувачите заклучиле дека овие состојки се доволно високи за да претставуваат здравствен ризик за возачите. Според истражувањето, патниците може да ги апсорбираат овие состојки преку кожата или да ги вдишат.

Во анализата бил искористен автомобил во кој имало пластика, имитација на кожа, ткаенина и филц. Овие материјали испуштаат органски состојки во воздухот по нивното производство.

Претходно истражување во Калифорнија покажало дека дури 20 минути возење во нов автомобил ги изложува возачите на небезбедни количини бензен и формалдехид.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје