X
 12.05.2016 Живот

Што може да се научи од кинеските родители?

Aмериканката Teтјум Хокинс со 2 годишната и 8 месечната ќерка се преселила во Шангај поради работата. Како нова мајка, таа внимателно ги набљудувала кинеските родители и воочила многу разлики во начинот на подигнување на децата.

1. Бебето се држи во крилото на родителите, а не во седишта за автомобили

Првиот шок го доживеала уште на аеродром, кога сфатила дека во такси бебињата не се возат на седишта. „Брзо научив дека во Кина се верува дека најбезбедно место за детето е родителското крило. Колку и да звучи убаво, сепак не сум сигурна дека е вистина кога станува збор за возењето“, вели таа.2

2. Кога детето е единец, родителите го разгалуваат


„Кога наоколу во количките ги возев моите деца, сите ме гледаа чудно. Кој би рекол дека толку обична работа, како две деца би можеле да бидат сензација?“ пишува таа.

Минатата есен кинеската политика за раѓање конечно се промени и сега е дозволено да се има две деца. Меѓутоа, толку години воспитување на дете единец темелно го промени родителството во Кина.

„Сфатив дека кога родителите имаат само едно дете, тие го третираат како нешто посебно, од што им зависи целата иднина“, забележува таа, додавајќи дека кинеските родители нивното внимание и ресурси го насочуваат кон детето, и кон секој негов чекор и исполнување на секој негов каприц. „Бабите и дедовците обично живеат во близина па дури шест возрасни луѓе се грижат за тоа дете“, вели таа.

3. Нема пелени

За многу луѓе пелените во Кина се луксуз, па многу деца наместо пелени носат пантолони со отвор на нивниот задник, а своите физиолошки потреби ги извршуваат каде ќе стигнат. „Како бебињата знаат кога треба да ги извршуваат нивните физиолошки потреби? Ниту еднаш не видов да ги извалкаат своите родители. Како да се научени да се олеснуваат на барање на родителите“, вели таа.

4. Облекување и фризура

Кинеската мода за бебиња е единствена. Освен отворот на пантолоните, кинеските бебиња носат скафандери и во мај, кога времето е топло, и таа никаде не забележала босоного дете. Кинезите веруваат дека голите стапала го ладат телото и предизвикуваат болести. Таа и нејзиниот сопруг еднаш заборавиле да им стават чорапи на бебето пред излеување такашто се соочија со остри критики. „Буквално секоја постара жена забележуваше и доаѓаше да ни замери и да не` предупреди. Повеќе никогаш не заборавивме чорапи“, пишува таа.

Во Кина постои обичај на бричење на косите на бебињата, како за момчињата така и за девојчињата. Се верува дека со тоа косата на децата ќе биде погуста, а оваа пракса започнува да се практикува кога бебето ќе наполни еден месец и три месеци (или 100 дена).

5. Мајките не се сами


Во Кина, мајките не се оние кои треба да прават се` сами. Жените во Шангај на располагање имаат помошнички таканаречени „аји“. Ова е традиционална пракса во Кина и во другите азиски земји. За Кинезите таа е како дополнителен член од семејството.

Во текот на денот мајките и и ајите заедно го чуваат бебео и ги извршуваат задачите низ дома. За време на викендот, ајите ги чуваат децата па родителите можат да излезат навечер и да се опуштат. „Токму поради неа се чувствувам посреќно, опуштена сум и потрпелива отколку претходно“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот