X
 13.01.2017 Технологија

Ова е првиот анти-паметен телефон

Во време кога доминираат паметните телефони кои се со нас на секое место и во секој момент, скоро неверојатно звучи појавата на „Лајт фон“ - уред кој уште се нарекува и анти-паметен телефон.

Голем е колку кредитна картичка, а има само две функции - функција за јавување и функција за примање на повиците. Телефонот нема опција за испраќање на СМС пораки, нема камера, ниту пак можност за поврзување на интернет, ниту блутут.

„Го направивме телефонот за неговите сопственици да го користат што помалку“, велат основачите.

Сигурно се прашувате зошто некоја компанија би развила производ кој не сака постојано да биде користен од нивните клиенти? Се чини дека компанијата има добри намери - сака да ја излекува нашата зависност од паметните телефони, колку и да ви се чини невозможно и неверојатно.

„Сакаме да го вратиме човечкиот глас во лудиот свет на технологијата“, велат основачите Џо Холиер и Каи Танг.

Телефонот нема класичен екран, и е толку тенок што може да го собере во вашиот џеб. Се произведува во кинеската фабрика „Фокскон“, на истото место од каде што излегуваат уредите на „Епл“.

„Light Phone“ се продава во црна и бела боја, а неговата цена изнесува 140 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија