X
 02.10.2022 Здравје

Што е хедонистички глад и каква врска има со есента?

Есента ни носи студ и темни денови. Многумина решението за подобро расположение во овој период го наоѓаат во нездравата храна. Малку нездрава храна не е проблем доколку не се претерува, но експертите велат дека против лошото расположение во студените денови може да се бориме и со поздрави намирници.

Иако некои научници сметаат дека поголемото количество храна што се јаде во студените денови е дел од еволуцијата, експертите велат дека е погрешно да се јаде покалорична храна во овој период. Според едно истражување, луѓето наесен внесуваат во просек 86 калории повеќе отколку напролет.

Помалото количество дневна светлина влијае врз зголемениот апетит, а и ги поттикнува луѓето да јадат дури и кога не се гладни во обид да го подобрат расположението. Сончевата светлина помага во ослободувањето на хормонот серотонин, кој го подобрува расположението. Внесувањето јаглехидрати и ослободувањето инсулин, исто така, го зголемуваат лачењето на серотонинот, па затоа лицата со сезонска депресија се обидуваат да се расположат со храната. Меѓутоа, овој ефект е краткотраен.

Хедонистички глад

Повеќето луѓе во студените периоди почесто одбираат чоколаден колач отколку јаболко. Одредени автори овој феномен го нарекуваат „хедонистички глад“. Не е проблем доколку некогаш сакаме да ги задоволиме потребите и јадеме малку нездрава храна, но прејадувањето најчесто е резултат на размислувањето за храната наместо физиолошка потреба.


Фото: Pixabay


Студеното време и лошите временски услови се дополнителна причина за поминување повеќе време дома и намалување со физичката активност. Меѓутоа, имајте на ум дека повеќето луѓе не внесуваат доволно течности дури ни во текот на летото, а уште помалку кога е студено. Затоа, потребата за жед може да се чувствува како потреба за храна.

Експертите препорачуваат пиење топли чаеви кои ќе ве загреат и ќе ви го наполнат стомакот. Се препорачуваат и оброци со хранливи состојки, како супи, но и зеленчук, мешунки, протеински намирници и овошје. Поради намалената дневна светлина, ќе ви биде потребно и повеќе витамин Д, кој може да се најде во рибата.

Доколку не можете без десерт, одберете темно чоколадо со големо количество какао, велат експертите.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје