X
 11.12.2020 Политика

Милениумците се најразочарани од демократијата, покажува истражување

Според ново истражување, младите луѓе низ светот се повеќе разочарани од демократијата од која било друга генерација.

Истражувањето било спроведено од страна на Центарот за иднина на демократијата при универзитетот „Кембриџ“. Во него се открива дека милениумците, односно генерацијата родена помеѓу 1981 и 1996 година, се помалку задоволни од демократијата од која било друго возрасна група.

Истражувачите анкетирале речиси 5 милиони луѓе во над 160 земји во периодот од 1973 до 2020 година. Заклучокот дека милениумците се најразочарани од демократијата е донесен за речиси секој регион од светот.

Освен милениумците, припадниците на генерацијата „Х“, родени помеѓу 1965 и 1980, стануваат сè помалку задоволни од политичкиот систем како што поминува времето.


Фото: Pexels

Според истражувачите, треба да се осврнеме на економската криза од 2008 година за да откриеме зошто овие групи се најнезадоволни. Пред кризата, милениумците биле поголеми ентузијасти за демократијата од нивните родители, но тоа се сменило по кризата како што се зголемиле невработеноста и нееднаквоста. Поради ова, милениумците ја изгубиле довербата во демократијата побрзо од постарите генерации.

Намалувањето на довербата во демократијата е најочигледно во Велика Британија, САД и Австралија, а има слични трендови и во Латинска Америка, Супсахарска Африка и Јужна Европа. Во овие нови демократии се забележува и таканаречен „транзициски умор“, се вели во истражувањето.

Автор. Џенет Бери
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика