X
 08.12.2016 Култура

Како да препознаете дека вашата држава се стреми кон деспотизам?


Никој не сака деспоти, а деспотите се свесни за тоа. Но, идентификувањето на деспотизмот може да претставува потешкотија, што им оди во прилог на деспотите. Десетминутното едукативно видео на енциклопедијата Британика дава јасен преглед на трансформацијата на државата во деспотска. Како пример е земена нацистичка Германија, но концептот се разгледува генерално со увид во далечната историја и со директна референца на познатата изрека на Луј 14, „Државата – тоа сум јас!

„Која било заедница во светот можете приближно да ја лоцирате на скалата што го мери патот од демократијата до деспотизмот“, вели нараторот во видеото. Прашањето е: Како ќе знаеме каде се наоѓа нашето општество на таа скала? Одговорот е: За почеток, отфрлете ја идејата дека видот на владата ѝ ветува заштита на нацијата од деспотизмот.

Филмот ни претставува низа пониски скали за да може попрецизно да се измери деспотскиот потенцијал на една заедница: скала за почитта, скала за моќта, скала за економската дистрибуција и скала за информирањето.

Првата скала за почитувањето мери „колку луѓето имаат еднаков пристап до можностите“. Скалата за моќта го мери „учеството на граѓаните во донесувањето одлуки во заедницата“. Скалата за економската дистрибуција се претвора во предупредувачки знак во моментот кога економската дистрибуција во општеството се искривува, се намалува средната класа и деспотизмот има поголеми шанси за закотвување.

Истото важи и во скалата за информирањето, каде што печатот, радиото и другите канали за комуникација се контролирани од одреден број луѓе, а граѓаните мораат да ги прифатат нивните информации.



Спротивно на деспотизмот е демократијата. Некогашното тло на деспотизмот, Германија, денес ги почитува наведените градациони скали во име на граѓаните. Независно во какво општество живееме на спектарот меѓу демократијата и деспотизмот, секогаш треба да се осврнуваме на мерните скали за функционирањето на заедницата.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура