Министерството за образование и наука извести дека Универзитетот на Кипар доделува 10 стипендии за додипломски студии (со исклучок на Медицинскиот факултет), за кандидатите што ќе аплицираат во септември 2021 година.
Секоја стипендија ќе важи за времетраење на студиите од 4 години. Од страна на Универзитетот на Кипар покриени се 50% од школарината.
Стипендистите ќе мора да следат едногодишен курс за грчки јазик на Школата за модерен грчки јазик на Универзитетот на Кипар (на свој трошок), за да се стекнат со сертификат за ниво B2 пред да започнат со додипломските студии.
Доколку носителот на стипендијата не ги заврши своите студии во рок од 4 години (8 семестри), стипендијата ќе биде прекината и нема да има можност за понатамошно продолжување на истата.
Повеќе информации прочитајте
ТУКА.