Неискористените лекови за коронавирусот за луѓе ќе бидат достапни за лечење на мачките на Кипар, каде илјадници мачки умираат од посебен коронавирус кој се шири меѓу овие животни. Владата ја одобрила оваа одлука според препорака на министерството за земјоделство.
Голем број мачки на Кипар летово заболеа од животински вид на коронавирус кој не се пренесува на луѓето.
- Залихите на лекови кои беа користени за лекување на случаи на човечки коронавирус, а веќе не се користат, може да се користат за лекување на мачки - соопшти тамошната влада.
Лекот, кој доаѓа во облик на таблети, ќе им биде дистрибуиран на ветеринарите.
Активистите за права на животните предупредуваат дека Кипар се претвора во остров на мртви мачки, тврдејќи дека болеста најверојатно го убила најголемиот дел од нивното милионско население. Сепак, ветеринарното здружение на островот тврди дека извештаите за умирање на 300.000 мачки се претерани и дека бројот на мртви мачки е помал од 10.000.
Легендата вели дека пред околу 1.700 години, римската царица Елена за прв пат донела мачки на Кипар за да се борат со отровните змии. Археолошките ископувања покажуваат дека мачките биле уште подолго на овој остров, а во неолитот овие животни биле закопувани заедно со луѓето на Кипар.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay