X
 12.01.2021 Живот

Оваа сателитска слика од Мадрид не е црно-бела

Европската вселенска агенција објави фотографија направена вчера од мисијата „Коперникус Сентинел-2“ на која може да се види Мадрид, главниот град на Шпанија.

Ова не е црно-бела фотографија, туку фотографија во боја, наведуваат од ЕСА и додаваат дека најголемите снежни врнежи во последните 50 години го покриле регионот, обелувајќи го пејзажот.



Бурата „Филомена“ ја погоди Шпанија во текот на викендот, а Мадрид, еден од најпогодените региони, беше парализиран затоа што аеродромот мораше да се затвори, возовите беа откажани, а патиштата блокирани.

Иако оваа сателитска слика е направена по поминувањето на бурата, може јасно да се види колку снег останал, особено во периферијата на градот.

Извор и насловна фотографија: ESA
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот