14.03.2019
Живот
Жителите на едно шпанско село добиваат коверти со пари, а не знаат од кого се
Жителите на едно мало шпанско село добиваат коверти со пари во поштенските сандачиња или под вратите, а не знаат од кого се. Локалните весници веќе го нарекуваат Робин Худ.
Според градоначалникот на Виљарамиел, Нурија Симон, минатата седмица 15-ина лица од вкупно 800 жители на селото добиле по сто евра во коверт.
- Не знам кои се намерата и мотивот. Сите сме збунети и во очекување да дознаеме кој е добродетелот. Вдовица, која живее со синот, двојки со мали деца, повозрасни брачни двојки, двојки на средна возраст без деца… Нема некоја поврзаност меѓу избраните „добитници“ - изјави градоначалникот.
Некои од нив отишле во полиција или во банка за да проверат дали банкнотите се вистински. Вистински се.
Властите соопштија дека во овој случај не е извршен никаков прекршок.
Извор: МИА