X
 09.11.2022 Живот

Во Шпанија се продава цело село со 44 куќи, училиште и хотел - поевтино од дом во Скопје

Проблемот со празните села во Шпанија во последните години е особено истакнат, а неретко може да се видат огласи за продажба на десетици куќи, како и на цели села.

Село во близина на градот Замора, на северозападот на Шпанија, кое има 44 куќи, црква, училиште, хотел, бар, стар базен, спортски комплекс, па дури и некогашна касарна на жандармеријата, се продава за 260 илјади евра.

Интернет-страницата „Идеалиста“, која дава услуги за недвижности, објави дека селото Салто де Кастро, во близина на португалската граница, е ставено на продажба.

Како што е наведено во огласот, селото се запустило поради селењето на жителите во градските подрачја.

Од агенцијата, која ги застапува сопствениците на имот во селото, велат дека неколку стотици луѓе веќе го погледнале огласот за селото кое се продава за 260.000 евра. Како што истакнуваат, добиле многу повици, а за купување на селото особено се заинтересирани Шпанци, Португалци и Англичани.

Во близина на селото има и парк изграден во 50-тите години поради старите хидроелектрани, а бројот на жителите постепено се намалувал поради затворањето на електраната во 1989 година.

Наведено е дека оние што ќе го купат селото ќе можат да инвестираат и во селски туризам.

Извор: Buka
Фото: Wikipedia
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот