X
 16.12.2019 Забава

Дали ова е најскапата елка во светот?

Хотелот со пет ѕвезди „Баија“ во Марбелја, Шпанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници го украси своето лоби со елка од речиси 14 милиони евра.

Вредноста на можеби најскапата елка оваа година е во украсите, кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа. Има и доста необични слатки како додатоци… Посебно направени 3Д-печатени чоколадни пауни.


Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици што чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.

Оваа елка, кој е нејзин засега последен потфат, исто така вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава