X
 12.01.2023 Живот

Во Германија има околу два милиона слободни работни места

Недостигот на работна сила сè повеќе се чувствува во Германија, каде што има два милиона непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавци, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението.

- Два милиона работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра - објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата.

Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места.

Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори, како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот