Џими Хендрикс е американски гитарист, композитор и пејач кој извршил огромно влијание врз развојот на рок-музиката. Денес, кај рок-критичарите постои консензус дека тој е најголемиот гитарист во историјата на рок-музиката и еден од највлијателните музичари во различни жанрови.
Во продолжение ви пренесуваме неколку негови мудри мисли.
- Кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта, светот ќе знае за мир.
- Музиката е мојата религија.
- Знаењето зборува, но мудроста слуша.
- За да го промените светот, прво треба да си ја средите главата.
- Дури и замоците направени од песок на крајот паѓаат во морето.
- Ако сум слободен, тоа е затоа што постојано трчам.
- Не биди невнимателен со туѓите срца. Немој да ги трпиш луѓето што се невнимателни со твоето.
- Не мора постојано да пееш за љубов за да им дадеш љубов на луѓето.
- Музиката не лаже. Ако постои нешто што треба да се промени во светот, тоа може да се случи само преку музиката.
- Кога морам да кажам нешто, тоа го кажувам со мојата гитара.
Извор:
Brainyquote.com
Фото:
Wikipedia