X
 27.06.2017 Култура

Специфичниот хумор на легендарниот Вуди Ален


Вуди Ален
(Фото: Wikimedia commons)

* Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови!

* Времето е средство со кое природата спречува сите работи да се случуваат одеднаш.

* Можете да ја доживеете стотата ако се откажете од сите работи заради кои сакате да доживеете стота.

* Двата најголеми митови кои кружат за мене се дека сум интелектуалец затоа што носам очила, и дека сум  уметник затоа што моите филмови губат пари.

* Постојат два типа луѓе на овој свет – добри и лоши. Добрите поубаво спијат навечер, но изгледа дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни.

* Кога „угнетувачите“ ќе станат престроги, го добиваме она што е познато како  „полициска држава“, во која е забрането секакво дисидентство, на пример, во вид на „кикотење“,  јавно носење на „лептир-машна (пеперушка)“, или обраќање кон градоначалникот со „кај си бе дебел“.

* Ако постои Бог, се надевам дека има добар изговор за тоа.

* Верувам дека постои нешто што сите нè набљудува. За жал, тоа е нашата влада.

* Кога маж ѝ отвора врата од автомобил на жена, или се работи за нова кола, или за нова жена.

* Имам многу лоши рефлекси. Еднаш ме прегази автомобил што го туркаа две момчиња.

* Моето образование беше тажно. Одев во училишта за емоционално пореметени наставници.

* За вас сум атеист. За Господ сум лојална опозиција.

* Парите се подобри од сиромаштијата, од финансиски причини.

* 94,5 отсто од сите статистики се измислени.

* Сексот е како партија бриџ. Ако немате добар партнер, подобро да имате добра рака.

* Јас сум шеф во мојата куќа, жена ми само ги носи одлуките.

* Сакам да ви раскажам страшна приказна за оралната контрацепција. Прашав една девојка дали ќе спие со мене и ми рече НЕ.

* Единствената работа за која жалам во животот е тоа што не сум некој друг.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура