X
 21.08.2021 Живот

Џорџ Орвел: „Најефикасен начин да се уништи еден народ е да се избрише неговото сопствено сфаќање за историјата“

Џорџ Орвел, британски писател, есеист, новинар и еден од најтемелните критичари на општеството во современиот период, се смета за едно од најголемите британски авторски имиња по 1945 година.

Негови најпознати дела се „Животинска фарма“ и дистопискиот роман „1984“. Во овие дела Орвел предвидел многу нешта што се случуваат во современиот свет.

Одличен писател и вистински господар на зборовите, Орвел е познат и по некои мудри цитати.

- Ако сакаш слика на иднината, замисли чизма што гази врз човечко лице – засекогаш.

- Најефикасен начин да се уништи еден народ е да се избрише неговото сопствено сфаќање за историјата.

- Изборот на човештвото е помеѓу слободата и среќата, сепак, за поголемиот дел од човештвото, среќата звучи подобро.

- Луѓето спијат мирно во своите кревети само поради тоа што суровите луѓе се подготвени за насилство во нивно име.

- Најдобрите книги се оние што ти го кажуваат тоа што веќе го знаеш.

- Сериозниот спорт е војна, минус оружјето.

- Просветлените луѓе ретко или никогаш не поседуваат чувство на одговорност.

- Ако слободата воопшто значи нешто, тоа е право да им се каже на луѓето она што не сакаат да го слушнат.

- Во време на измама, да се каже вистината е револуционерен чин.

- Суштината на тоа да се биде човек е да не се трага по совршенство.

Извор: Brainyquote.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот