X
 09.10.2018 Живот

„Палата на умот“ - метод со кој ќе помните како компјутер

Способноста за помнење не е нешто вродено, туку нешто на кое можеме да работиме во текот на животот. Древниот Лоци-метод наречен и „палата на умот“ им помагал на грчките говорници успешно да дискутираат со часови, без потсетник или видеопрезентација.

Методот стана повторно популарен благодарение на серијата „Шерлок“, во која главниот детектив ја користи истата метода за да ги реши случаите.

Имено, Лоци-методот вклучува поврзување на секоја работа што треба да ја запомниме со специфична слика или место, односно визуализација. Еве едноставен пример: ако се обидете да запомните дека треба да купите млеко, јајца и леб од продавница, замислете дека се туширате со млеко, подот на бањата е прекриен со лушпи од јајце и се сушите со корки од леб.

Иако звучи чудно, во тоа е поентата - сакате работите да не исчезнат лесно од меморијата.

Рон Вајт, кој двапати го освоил националниот шампионат за помнење, вели дека со помош на оваа метода ја научил својата шестгодишна ќерка да ги запомни имињата на 44 американски претседатели.

Прво, изберете мебел во вашиот дом, потоа поврзете броеви со секој предмет. Повторувајте ги информациите додека не запомните кој број оди со одреден дел од мебелот. Тогаш замислете слики што ги вклучуваат имињата на претседателите и делови од мебелот. На пример, ако бројот 1 е маса, тогаш замислете како некој ја мие масата со сапуница и вода, затоа што тоа звучи како Вашингтон. И на крај, вежбајте додека не стане совршено.

Во продолжение погледнете го видеото од Рон Вајт, кој ќе ви помогне полесно и побрзо да ја совладате оваа техника.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот