12.03.2017
Живот
Навики кои покажуваат дека не сте интелигентна личност
Постојат различни луѓе, со различен коефициент на интелигенција. Скоро секој се смета себеси за интелигентна личност, но не е секогаш лесно да се процени сопствената интелигенција.
А интелигенцијата е доста важна, помеѓу останатото, и во професионален контекст, каде брзиот ум може да значи многу. Но помалку паметните луѓе често имаат навики кои ја издаваат нивната глупавост, и кои често може да бидат катастрофални.
1. Помалку интелигентните луѓе ги обвинуваат другите за сопствените грешки
Лесно е да се забележи, непрофесионално е и нешто што една паметна личност никогаш не би го направила. Ако постојано се обидувате да обвините некого за сопствените грешки, тогаш покажувате дека и не сте баш најбистри. Помалку паметните луѓе не сакаат да преземат одговорност за сопствените грешки.
2. Помалку интелигентните луѓе секогаш мораат да бидат во право
Во конфликтна ситуација паметните луѓе полесно можат да го видат проблемот и од другата страна и да ги сфатат аргументите на другата страна. Исто така, можат да ги интегрираат и аргументите во своето размислување и да го прилагодат своето мислење. Сигурен знак за интелигенција е способноста за согледување и сфаќање на работите од другиот агол, а интелигентните луѓе се отворени кон нови информации и менување на параметри.
Помалку интелигентните луѓе од друга страна ќе продолжат да се расправаат и нема да сакаат да отстапат од своето мислење, без разлика на тоа колку аргументирани се причините од другата страна.
3. Помалку интелигентните луѓе реагираат на конфликти со бес и агресија
Очигледно, дури и најпаметните луѓе некогаш можат сериозно да се налутат. Но, за помалку интелигентните луѓе тоа е стандардна реакција кога работите не се по нивна волја. Кога чувствуваат дека не ја контролираат ситуацијата онолку колку што би сакале, тие користат бес и агресивно однесување за да ја осигураат позицијата.
4. Помалку интелигентните луѓе ги игнорираат потребите и чувствата на другите
Интелигентните луѓе се добри во препознавање на емоциите на другите. Поради тоа полесно го сфаќаат мислењето на другите луѓе. Помалку паметните луѓе сметаат дека другите мислат различно од нив и затоа често се расправаат. Исто така, страв им е од концептот на помаѓање без да очекуваат ништо за возврат.
5. Помалку интелигентните луѓе мислат дека се подобри од сите други
Интелигентните луѓе се обидуваат да ги мотивираат и да им помогнат на другите. Тоа го прават бидејќи не се плашат дека ќе бидат засенети од другата личност. Имаат висока самодоверба и се доволно паметни правилно да ја оценат сопствената способност. Помалку паметните луѓе од друга страна се склони кон исмејување на останатите за тие самите да изгледат подобро. Веруваат дека се над сите останати и секогаш пребрзо донесуваат заклучоци. Предрасудите не се знак за интелигенција.
Подготвил: Тамара Гроздановски