Сите минувавме низ истата пандемија во изминатите неколку месеци, но не сите одговараме на последиците на ист начин.
Едно неодамнешно мало истражување посочува дека постојат големи разлики во начинот на кој луѓето со „темни“ карактеристики на нивната личност реагирале на Ковид-19.
Овие мрачни одлики на личноста вклучуваат нарцизам, психопатија, садизам и макевијализам и честопати се поврзани со негативни социјални исходи - во психологијата се нарекува
„темна тријада“.
Но, дали овие карактеристики на личноста можат да предвидат како поединците реагирале на глобалната криза? Анализирајќи 402 лица од САД на возраст од 18 до 78 години, истражувачите од Универзитетот во Мисисипи откриле дека има некои суптилни, но забележливи разлики поврзани со овие црти на личноста - од однесување за чистењето до расположението.
- Нашите откритија укажуваат на тоа дека за време на почетните фази на пандемијата во САД темната личност различно ги предвидувала когнитивните и емоционалните одговори на пандемијата - пишуваат авторите во својот труд, објавен на интернет пред печатење во ноември 2020 година.
Регрутирајќи учесници преку интернет, истражувачите им наложиле на поединците да пополнат прашалник за нивните чувства, мисли и однесување за време на пандемијата - и нивните темни црти на личноста биле рангирани според тестот за процена на садистичката личност.
Интересно е што луѓето со нарцисоидни и макевејалистички карактеристики емотивно се бореле со социјалниот пресврт што се појавил со пандемијата. Но, истражувањето открило дека оние што се оцениле себеси дека имаат садистички црти, пријавиле големо позитивно влијание како одговор на Ковид-19.
- Можеби овие лица добиваат задоволство од настаните што обично се смета дека имаат негативно влијание врз општеството - пишуваат авторите.
Истражувањето е важен и интересен увид во тоа како реагираат различните типови личности на големи социјални пресврти, како оној што го живееме во моментов.
Покрај емоционалните одговори, истражувачите разгледале како типовите личности го менуваат однесувањето како одговор на пандемијата.
Фото: Freepik
Резултатите покажаа дека ниту едно темно обележје на личноста не е предиктор за однесувањето. Но, оние со нарцисоидни или психопатски особини имале помала веројатност да се вклучат во редовно однесување за чистење, како што се бришење на често допрените површини.
Всушност, колку повеќе поени постигнале во однос на нарцизмот и психопатијата, толку повеќе се намалувало нивното однесување за чистота.
Додека лицата со макевијалистички особини повеќе стравувале од заразување со Ковид-19, оние со нарцисоидни одлики пријавиле дека учествуваат во однесувања што им помагаат на погодените од пандемијата. Можеби тоа звучи контраинтуитивно, но истражувачите велат дека ова е поткрепено со претходни истражувања кои откриле дека нарцисите можат да учествуваат во просоцијално однесување за да добијат одобрување од другите.
Две претходни студии објавени во јули и ноември откриле дека некои од мрачните црти на личноста може да предвидат колку е веројатно луѓето да ги следат советите за јавно здравје, како што се социјално дистанцирање и носење маска. Но, ова истражување не откри дека тоа е случај - позитивно, повеќето од учесниците изјавиле дека веќе практикуваат физичко дистанцирање, често миење на рацете и избегнуваат патувања и лични собири. Оваа разлика во резултатите може да се должи на фактот дека пандемијата е силен настан во кој сигналните ситуации ја надминуваат улогата на личноста во предвидување на однесувањето, сугерираат истражувачите.
Иако истражувањето разгледувало само поврзувања, а не што ги предизвикува овие разлики, истражувачите посочуваат - како темната тријада реагира на кризи може да има врска со тоа колку е важна социјалната стабилност за секоја од карактеристиките на личноста.
Нарцисите се потпираат на социјалните повратни информации за да ја поддржат нивната слика за себе, а макевијалистите се познати по тоа што ги користат другите во социјалниот систем за да ги исполнат сопствените цели. Фактот дека овие два типа личности ја сфатиле пандемијата како заканувачка ситуација и доживеале негативни емоции навестува дека овие лица зависат од стабилни социјални структури за да ги постигнат своите цели и да реагираат негативно на согледаната социјална нестабилност, пишуваат истражувачите.
- Индивидуалците со повеќе асоцијални одлики (психопатија и садизам) не биле толку загрозени од пандемијата - пишуваат авторите.
Важно е дека истражувачите во минатото се сомневале дали психопатијата и макевијализмот воопшто се посебни конструкции, но ова истражување сугерира дека разликата во степенот до кој овие луѓе се потпираат на стабилни социјални средини може да биде клучна точка за разлика меѓу нив.
- Резултатите од сегашното истражување претставуваат важен додаток на нашето разбирање за тоа како функционираат темните црти на личноста во неизвесни времиња и нашето општо разбирање за психолошките искуства на луѓето што живеат во глобална пандемија - пишуваат истражувачите.
Извор:
Science alert
Фото: Freepik