Проблемот со бездомниците е присутен насекаде низ светот. Францускиот инженер Џофрој де Рејнал создал лесно склопувачка и преносна игло-конструкција за бездомниците. Тој веднаш стана „модерен херој“ добивајќи огромна поддршка од луѓето низ светот.
Пред неколку години, откако работел во странство, Џофрој почнал да размислува како може да помогне, па се обидел да создаде засолниште од лесен, евтин и топол материјал.
Фото: Facebook
Така, со свои пари, Де Рејнал го конструирал своето прво засолниште од игло од полиетиленска пена, што помага во зачувување на телесната топлина. Внатрешноста на иглото е покриена со алуминиум, така што температурата внатре може да достигне 10 степени повеќе од надворешната температура. Засолништето на иглото исто така е и водоотпорно.
Откако создал прототип во сопствениот двор во Бордо, Џофрој почнал кампања за собирање средства и благодарение на поддршката на луѓето од целиот свет, тој добил многу повеќе отколку што очекувал - приближно 20.000 долари.
Фото: Facebook
Главната предност на оваа конструкција е неговата мала тежина и лесна преносливост - околу десет од овие засолништа може да ги собере во мини-комбе.
Важно е да се напомене дека Рејнал не ги смета овие засолништа за конечно решение на проблемот - како што вели, тоа е привремена опција, за живеењето на улица, особено на студено време, да биде полесно.
Фото: Facebook
Што се однесува до идните планови, Рејнал сака да создаде стотици или илјадници вакви
засолништа и да го подобри дизајнот - да додаде тркала за полесен траспорт и да создаде поголеми засолништа за семејства. Тој споделува дека би било супер да се прошири оваа практика и во други земји.
Извор:
Bright Side
Фото:
Facebook