Италијанската компанија „Авио интериорс“ дизајнира авионско седиште кое нуди поголема заштита за патниците во споредба со седиштата што досега се користеа во комерцијалните авиони. Дизајнот може да стане стандарден во светот по пандемијата на коронавирусот.
Од пандемијата научивме за социјалното дистанцирање и важноста на личната хигиена. Седењето блиску до друго лице е незамисливо во денешни услови. Затоа авионската индустрија е една од најпогодените за време на
пандемијата. Концептот предложен од „Авио интериорс“ е решение кое е едноставно за применување, а може да ја зголеми заштитата на секој патник.
Дизајнот се состои од проѕирни препреки кои ги разделуваат сите седишта. Материјалот ќе им помогне на патниците да го одбегнат или минимизираат контактот со другите патници, а со тоа се намалуваат и шансите за пренесување вируси.
Компанијата претстави и седиште кое е целосно изолирано. Според овој дизајн патникот е целосно одвоен од другите патници со пластични бариери од три страни.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com