X
 12.04.2020 Живот

Подземен бункер од 70-тите изгледа како временска капсула

Периодот на Студената војна бил доста интензивен. Многумина живееле во страв дека повторно ќе избие војна, а статистиката покажува дека до 1960 година речиси 70 отсто од Американците сметале дека претстои нуклеарна војна.

До средината на 60-тите години биле изградени 200.000 засолништа, но ова е само груба процена. Тешко е да се знае точната бројка бидејќи луѓето не зборувале.

1

3

Бидејќи бункерите и засолништата станале толку популарни, природно било тие да се направат пријатни и удобни затоа што сакале да изгледаат повеќе како нивните домови.

Еден ваков љубител на оваа приградска екстраваганција бил Џирард Б. Џери Хендерсон - претприемач кој се збогатил со помош на неколку компании, меѓу кои и„Ејвон козметикс“ и „Гулфстрим аероспејс корп“.

4

5

Хендерсон многу се плашел од Студената војна. Затоа ја основал компанијата „Андерграунд ворлд хоумс“. Во 1964 година организирал изложба на Светскиот саем во Њујорк наречена „Зошто да живееме под земја“ за да промовира концепт на живеење под земја. Џери живеел во својот подземен дом до неговата смрт, во 80-тите, додека во 70-тите ја изградил оваа екстравагантна подземна резиденција во Лас Вегас.

Неодамна бункерот беше ставен на продажба со цена од 18 милиони долари. Ентериерот внатре е вистинска временска машина, со декорации и мебел што доаѓаат директно од каталозите од 70-тите. Бункерот има и двор со вештачки дрвја, камења, па дури и рачно нацртани мурали што ги отсликуваат шумите и селата.

9

10

Светлата во дворот може да се приспособат за да симулираат различни периоди од денот, а таванот има ѕвезди што го имитираат ноќното небо.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Redfin
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот