X
 12.03.2020 Наука

Материјал совршен за изработка на робот-трансформер - течен метал што плови по вода

Експерти откриле дека со помош на течна легура на метал со помала густина од водата може да се изработуваат лесни егзоскелети и роботи што го менуваат обликот.

Легурите на течните метали, како и живата, која има најниска температура на топење на -38,8 Целзиусови степени, не стануваат цврсти на собна температура.

Јинг Лиу и неговите колеги од Универзитетот „Ѓингхуа“ во Кина создале сличен материјал со мешање на чист галиум и индиум, односно легура на течен метал со точка на топење на 15,7 Целзиусови степени.

За да му ја намалат густината, вмешале мали стаклени меурчиња со големина од 75 микрометри, полни со воздух. Тие топчиња ја намалиле густината на легурата за речиси 97 отсто без да ги променат нејзините други својства, како големата електроспроводливост и добрата способност за обликување. Сега таа легура е идеална за изработка на егзоскелети, кои не се претешки за практична употреба, или флексибилни роботи, кои би можеле да се трансформираат во зависност од температурата.

Во зависност од големината на стаклените меурчиња, густината на течната легура се движела меѓу 0,45 грама по кубен сантиметар (што е на половина од густината на водата) и 2,01 грама по кубен сантиметар. Ваквиот материјал би можел да биде корисен и за контрола на пловноста на подводните уреди.

Извор: Index
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука