X
 05.12.2023 Наука

Пукнатина во метал самостојно „се поправила“ во револуционерен експеримент

Научниците забележале случај во кој оштетен метал самостојно „се поправил“.

Во истражување, група научници од лабораторијата „Сандија нешнал лабораторис“ и Универзитетот „Тексас А&М“ ја тестирале издржливоста на металот со специјална техника за влечење на краевите на металот 200 пати во една секунда.

Потоа го набљудувале самостојното заздравување на многу мало ниво на парче платина со дебелина од 40 нанометри кое се наоѓа во вакуум. По околу 40 минути набљудување, пукнатината во платината започнала да се спојува.

- Ние дефинитивно не го баравме тоа. Она што го потврдивме е дека металите имаат своја внатрешна, природна способност да се лекуваат, барем во случај на оштетување на нанометарско ниво - вели научникот Бред Бојс.

Научниците сѐ уште не знаат зошто се случува тоа и како може да се примени. Во 2013 година истражување предвидело дека е можно вакво заздравување на нанопукнатини, поттикнато од ситни кристални зрна во металите кои ги менуваат нивните граници како одговор на притисокот кој доведува до пукнатините.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука