X
 12.03.2023 Образование

Над половина од студентите во САД учат со помош на „Тик-ток“

Повеќе универзитети во САД им забрануваат на студентите да користат „Тик-ток“ на факултетските уреди, но студентите сепак ја користат оваа апликација кога работат на домашните задачи.

Анкета спроведена на 1.000 студенти во четвртата година во САД покажала дека 51 отсто од испитаниците користат „Тик-ток“ кога работат на домашните задачи. Апликацијата најчесто се користи за помош во задачите по математика, англиски јазик и уметност.

Околу една третина од испитаниците изјавиле дека апликацијата им помага да завршат над половина од академските обврски. Околу 34 отсто изјавиле дека пишувале есеи за пријавување на факултет со помош на апликацијата.

Советничката за образованиe Бланка Вијагомез објаснила дека резултатите не изненадуваат бидејќи младите денес многу ја користат апликацијата поради разновидната содржина, забавните видеоефекти и културните трендови.

- Деновиве, студентите имаат помал распон на вниманието и читаат содржина која е брза и лесна за разбирање, што може да го направи учењето забавно - изјавила Вијагомез.

Анкетата покажала и дека 58 отсто од испитаниците претпочитаат да користат „Тик-ток“ наместо други платформи за пребарување. Околу 65 отсто од нив сметаат дека информациите на „Тик-ток“ се „приближно“ точни, а 17 отсто сметаат дека се многу точни. Над половина од испитаниците изјавиле дека учат повеќе на „Тик-ток“ отколку на факултет.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование