На мапата подолу секоја земја е кодирана со боја означувајќи го бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи на 100.000 жители годишно.
Според податоците на Светската здравствена организација, Еритреја е една од најопасните земји за возење со 48,4 смртни случаи на 100.000 жители, Либија - 40,5 и Ирак – 31,5. Заинтересираноста на туристите за патување на овие места е помала. Но Тајланд – 38.1 и Јужна Африка – 31.9 се популарни дестинации за одмор меѓу туристите.
Релативно ризични патишта исто така, може да се најдат во Еквадор, Виетнам, Бразил, Парагвај, Кенија и Лаос. Други значајни наоди покажуваат дека Португалија е помалку безбедна од останатите земји во Западна Европа, а САД е двојно поопасна од Канада.
Најбезбедни места за возење се Малдивите - 1,9 смртни случаи, заради недостиг на патишта, Норвешка - 2,9, Данска - 3, Шведска - 3 и Швајцарија - 3,4. Велика Британија пак , е со само 3,5 смртни случаи на 100.000 жители годишно. Сите овие податоци се засенети со Сан Марино, каде не е евидентирана ниту една смрт за односната година (2010).
10 најбезбедните места за да се вози :
Сан Марино - 0 смртни случаи на 100.000 жители
Микронезија - 1.8
Малдиви - 1.9
Норвешка – 2.9
Шведска - 3
Данска - 3
Палестинските територии - 3.2
Израел - 3.3
Швајцарија - 3.4
Велика Британија - 3,5
10 најопасните места за да се вози :
Еритреја - 48,4 смртни случаи на 100.000 жители
Доминиканска Република - 41,7
Либија - 40,5
Тајланд - 38,1
Венецуела - 37,2
Нигерија - 33,7
Јужна Африка - 31,9
Ирак - 31,5
Гвинеја-Бисао - 31,2
Оман - 30,4