Фото: Getty Images
„Твитер“ ќе го промени ограничувањето на бројот на карактери во твитовите, па идните пораки, наместо досегашните 140 ќе можат да содржат 280 карактери.
Оваа „револуционерна“ промена на почетокот ќе се однесува само за поедини корисници. Во малата група луѓе која ќе добие можност да ја тестира оваа новина, ќе се најдат корисници кои „твитуваат“ на англиски, шпански и португалски јазик.
Опцијата за извесно време би требало да биде достапна за сите корисници. И покрај временското ограничување, во текот на тест-периодот, сите корисници ќе можат да ги видат и прочитаат „новите“ подолги твитови.
Коосновачот на „Твитер“ и извршен директор на компанијата, Џек Дорси, порано најавуваше дека ограничувањето на бројот на карактери би можело да се промени. Од таа компанија се надеваат дека корисниците со воодушевување ќе ја прифатат новината.
Поранешната одлука твитовите да содржат максимум по 140 карактери беше воведена заради прилагодување кон СМС-пораките. Бидејќи една СМС-порака содржи до 160 карактери, основачите на „Твитер“ имаа намера да ги вклопат твитовите во таа рамка: 140 карактери за твит и 20 карактери за корисничкото име.
Она што влијае на должината на твитот е и јазикот на кој е напишана самата порака. Така твитовите на кинески, јапонски или корејски јазик можат да пренесат двојно повеќе информации во споредба со оние што се напишани на англиски или шпански. Истражувањата на оваа компанија покажа дека ограничувањето на карактерите е тоа што најмногу ги фрустрира луѓето кои твитаат на англиски јазик.
Информацијата за зголемувањето на бројот на карактерите во твитовите предизвика различни коментари кај твитер-заедницата.