X
 27.11.2016 Живот

Што ако родителите погрешно не` научија?

Повеќето родители им посакуваат добро на своите деца.

Сакаат да ги научат на сé што е важно во животот.

Сакаат нивните деца да бидат среќни и задоволни.

Сакаат нивните деца убаво да живеат.

Сепак повеќето родители не успеваат во тоа.

Повеќето родители не успеваат да одгледаат такви деца.

Што од незнаење, што од страв, што од некои свои заблуди, многу родители своите деца погрешно ги учат. Со најдобри намери од љубов, им испраќаат пораки во кои децата веруваат, кои како окови ги носат низ животот. Пораки кои животот го прават многу, многу тежок и многу, многу помалку убав.


родители


„Нема сега да пишувам кои се тие пораки. Веројатно знаете и самите. Во продолжение ќе ви пишувам за некои пораки кои се вистнити и важни за секое човечко битие. Пораки што за жал многу луѓе во нив не веруваат. Мислат дека од некоја причина тоа за нив не важи, пораки во кои ако вистински поверуват животот ќе ви се промени од корен. На подобро, на многу, многу подобро“- пишува во својот блог, Јелена Пантич.

Имаш право да живееш и да уживаш во животот.

Имаш право да постоиш.

Имаш право да бидеш ти.

Имаш право нешто да сакаш.

Имаш право нешто да не сакаш.

Имаш право да кажеш не.

Ти си важен, ти си важна.

Твоите чувства се важни.

Твоите желби и потреби се важни.

Имаш право да се лутиш.

Имаш право да чувствуваш страв.

Имаш право да бидеш слаб/слаба.

Имаш право да бараш помош.

Имаш право да бараш заштита.

Имаш право да се заштитиш.

Имаш право да живееш свој живот.

Имаш право убаво и слободно да го живееш својот живот.

Имаш право да бидеш среќен, задоволен и успешен.

Имаш право да сакаш и да бидеш сакан.

Имаш право да припаѓаш.

Имаш право да уживаш.

Имаш право да се забавуваш.

Имаш право да се дружиш.

Имаш право да се одмориш.

Имаш право да бидеш здрав.

Имаш право да се радуваш.

Имаш право добро да заработуваш.

Имаш право да бидеш успешен/успешна.

Имаш право да бидеш убав, привлечен/привлечна.

Твојата сексуалност е во ред.

Имаш право да бидеш сексуален и сензуален.

Имаш право да бидеш привлечен и шармантен.

Не е важно што другите мислат за тебе.

Не е важно на сите да им се допаѓаш.

Можеш да поднесиш на некого да не му се допаѓаш.

Тоа не говори ништо за тебе.

Имаш право да погрешиш.

Имаш право да не знаеш.

Имаш право да бидеш несигурен/несигурна.

Ти си доволен.

Не мораш да заслужиш љубов и внимание.

Не мораш да заслужиш прифаќање.

Не мораш да се откажеш од себе за да бидеш прифатен.

Не си одговорен за чувствата на другите луѓе.

Не си одговорен за чувствата на твоите родители, браќа и сестри.

Не си одговорен за нив.

Одговорен си за самиот себе.

Не мораш да правиш се што некој бара од тебе.

Имаш право да мислиш различно.

Имаш право да сакаш различно.

Имаш право нешто да сакаш.

Имаш право да кажеш кога нешто не ти се допаѓа.

Имаш право да кажеш кога нешто ти смета.

Имаш право да си одиш ако негде не сакаш да бидеш.

Имаш право да се дружиш со луѓе кои ти се допаѓаат, кои ти одговараат и кои се добри со тебе.

Не мораш да се дружиш со некој што не ти одговара.

Не ти треба оправдување или образложение, доволно е да не сакаш.

Не ти треба ни причина ако нешто не сакаш.

Доволно е да не сакаш.

Не мораш да правиш ништо што не сакаш.

Никој нема право да биде груб спрема тебе.

Никој нема право да те навредува.

Никој нема право да те повредува.

Подеднакво си важен, како и сите други луѓе.

Подеднакво со вреден, како и сите други луѓе.

Не мораш да се докажуваш.

Не мораш да се натпреваруваш.

Не мораш да бидеш најдобар.

Доволно е да бидеш ти, ти си доволен.

Со тебе е се во ред.

Ти си нормално и добро човечко битие.

До промена на уверувањата не доаѓа преку ноќ, како што не ни настанале преку ноќ. Настанале така што се повторувани многу, многу пати, вербално и невербално. Ако сакате да ги усвоите сите или некои од овие уверувања почнете да ги читате за себе секое утро.

Започнете го секој ден со потсетување на вистината која важи за сите човечки битија, па и за вас. Бидете спремни за време на овој процес да почнете да чувствувате вина. Тоа е нормално. Бидете спремни дека нема веднаш вистински да поверувате. Не ги негирајте сомнежите. Преиспитајте ги. 
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот