Детските одморалишта летнава сезона по сè изгледа ќе ја поминат без деца. Пандемијата им нанесе силен удар. Останаа празни, без никакви најави за деца, со откажани резервации и целосно пропадната сезона. И покрај тоа што стапи во сила протоколот по кој сместувачките капацитети можат да работат и да примаат гости, оваа мерка не им значи многу на детските одморалишта. Засега нивните резервации се откажани, а сезоната е прогласена за пропадната.