Многу често се случува додека децата растат родителите да не одговараат соодветно на нивните и емотивни потреби. Додека се мали децата може да биде незабележително, а подоцна на влијае на среќата, здравјето, личниот живот, врските, и кариерата на невидлив начин.
Кога сте растеле ако некој Ви ги негирал
емоциите, може да сметате дека да се биде несреќен значи да се биде депресивен, лут, анксиозен итн. Истражувањата покажуваат дека сите природно ги третираат своите деца како што тие биле третирани од своите. Ако сте чувствувале недостаток на размена на емоции од своите родители можно е да заборавате да се грижите за себе. Како да знаете дали сте ги задоволиле сопствените потреби за емовии, кога во детството сте истренирани поинаку?
За среќа постои начин како да станете сами свој родител и да ги залечите раните.
Научете да кажете не
Луѓето во Вашиот живот научиле дека ќе бидете таму за нив затоа што тоа им се случува на оние чии на емоции не им се придава важност. Да се биде дарежлив и сочувствителен е добро, но запаметете го ова како Ваш водич: Секој има право да Ве праша било што, а Вие имате еднакво право да кажете и „да“ и „не“.
Побарајте помош
Ако Ви е тешко да кажете „не“, веројатно Ви е тешко и да побарате помош или услуга. Обидете се да прифатите дека не треба да чувствувате вина затоа што сте рекле не и нема да имате страв да побарате помош. Што го направите првиот чекор, пред Вас ќе се отворат нови можности.
Откријте што сакате, а што не сакате
Ако сте биле емотивно потиснати како дете веројатно е да не се познавате доволно себе си и кои се Вашите потреби. Можеби во одредено поле се знаете премногу, но друго не Ви е воопшто истражено. Кога ќе почувствувате дека некои работи не Ви се јасно диференцирани, слободно тргнете во потрага кон она што го сакате и дефинирајте што не сакате: типови на луѓе, храна, забава, облека, хоби, мебел. Овие работи се важни и вреди дури и да ги запишете.
Уживањето нека Ви е приоритет
Со такво детство веројатно е дека никој во фамилилијата не се погрижил да сфати во што навистина уживате и да Ви го овозможи истото, или немало доволно средства за истото. Првин мора да се тргнете од барања кои одземаат од времето, треба да се поврзите со луѓе за да пробате некоја активност што Ви одговара. После тоа зависи од Вас колку ќе се посветите и како ќе уживате во она што сте го откриле.