Јупитер изгледа како џиновска огнена топка на најновата слика направена од
астрономите.
Сепак, сликата не покажува како Јупитер навистина изгледа кога се гледа преку телескоп, пишува Би-би-си. Тоа е резултат на техника со која се погледнува под облаците на планетата и покажува што се крие под нив.
Техниката ја прави сликата појасна со отстранување на матните делови што се добиле поради турбулентната атмосфера на Јупитер. Конечната слика е комбинација од неколку фотографии добиени со оваа техника, со кои истражувачите може да ја анализираат планетата по делови.
Новата фотографија е една од најјасните од Јупитер што се направени досега од Земјата, според Би-би-си.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Фото: Facebook