Компанијата „Гугл“ е најатрактивна за студентите по бизнис и за студентите на инженерските и технолошките факултети. Тоа го покажуваат резултатите од анкети за најатрактивни компании спроведени на студенти низ светот од страна на „Универзум“.
Во анкетите учествувале над 235.000 студенти на факултетите за бизнис, инженерство и информатички технологии во Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Јужна Кореја, Велика Британија и во САД.
10 најатрактивни компании за студентите по бизнис
1. „Гугл“
2. „Епл“
3. „Мајкрософт“
4. „Амазон“
5. „Делоат“
6. „Голдман Сакс“
7. „Ернст & Јанг“
8. „Прајсвотерхаус Куперс“ (ПвЦ)
9. „Џ. П. Морган“
10. „Лореал“
10 најатрактивни компании за студентите на инженерските и технолошките факултети
1. „Гугл“
2. „Мајкрософт“
3. „Епл“
4. Бе-еме-ве
5. „Амазон“
6. „Интел“
7. Ај-би-ем
8. „Сименс“
9. „Самсунг“
10: „Џенерал електрик“
Извор:
electrek.co /
universumglobal.com
Насловна фотографија: Pixabay