X
 12.05.2021 Наука

„Војаџер 1“ регистрирал звук надвор од нашиот Сончев Систем

Пред речиси една деценија леталото „Војаџер 1“ на НАСА влезе во меѓуѕвезден простор, напуштајќи го нашиот Сончев Систем. Тоа било првпат летало направено од човекот да влезе во меѓуѕвезден простор, а се случило по патување од речиси 35 години. Сега истражувачите ги анализираат податоците што леталото ги праќа на Земјата.

Тие штотуку забележале необичен звук детектиран надвор од нашиот Сончев Систем. Стела Кош Окер, докторанд на „Корнел“ и главен автор на новото истражување во кое се зборува за откритието, го објаснува звукот како „слаб и монотон бидејќи е во тесен фреквенциски опсег“.


Фото: НАСА

Звукот бил регистриран додека „Војаџер“ патувал од границата помеѓу нашиот Сончев Систем кон меѓуѕвездениот простор. Постојаниот монотон звук е создаден од меѓуѕвездени гасови, пренесува „Фјучуризам“.

Откритието може да им помогне на истражувачите подобро да го разберат обликот на хелиосферата, што претставува заштитен меур околу Сончевиот Систем, како и начинот на кој врз неа влијаат меѓѕвездените гасови.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука