Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, продолжува да верува во биткоинот и покрај падот на вредноста на оваа валута во последниот период.
Вредноста на биткоинот во однос на американскиот долар се намалила за над 50 отсто во последните 6 месеци. Сепак, Букеле купува биткоини додека многумина губат поради тргување со криптовалути.
Неодамна тој открил планови за таканаречен биткоин-град каде што речиси ќе нема даноци, иако не се откриваат повеќе детали. Тој објавил фотографии од скиците за градот на „Твитер“.
Букеле првпат ги открил плановите за градот во ноември, кога открил дека градот ќе се снабдува со електрична енергија од вулкан и во него ќе има минимален данок за основните трошоци. Владата планира да издаде обврзници за да ја финансира изградбата на градот, иако експертите предупредуваат дека државата нема да може да ги намири овие долгови.
Ел Салвадор минатата година го призна биткоинот како официјално платежно средство во земјата, но според медиумски написи, над 70 отсто од населението не веруваат во биткоинот.
Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Twitter