Кралството Бутан, првата јаглеродно неутрална земја во светот со само 777.000 жители, сместена во подножјето на Хималаите, го започна проектот наречен Град на свесноста.
Овој нов економски и урбан центар ќе биде изграден врз основа на проект создаден од данското архитектонско биро „Бјарк инглес груп“ заедно со британската компанија „Аруп“ и компанијата за урбанистичко планирање „Цистри“ од Сингапур. Проектот бил нарачан од кралот на Бутан, Џигме Хесар Намгјел Вангчук.
Фото: BIG/Ferrari
Градот на свесноста ќе се простира на повеќе од 1.000 квадратни километри и ќе ја интегрира културата на Бутан и духовното наследство на земјата. Ќе биде изграден на периферијата на градот Гелеф, кој се наоѓа во близина на границата со Индија. Новиот центар се очекува да го поттикне економскиот раст и да обезбеди можности за локалните жители.
Фото: BIG/Ferrari
Планот вклучува зелена технологија, образование и инфраструктурни иницијативи, вклучувајќи меѓународен аеродром, железнички врски, хидроелектрична брана и јавни простори. Планот вклучува и мерење на уникатниот бруто национален индекс на среќа на Бутан во самиот град, што ќе ги покаже нивото на колективна среќа и благосостојба на населението.
Фото: BIG/Ferrari
Проектот предвидува и изградба на хидроцентрала. Браната во која ќе биде сместена оваа електрана ќе има потпорен ѕид со скали кои ќе ги водат посетителите и аџиите до неколку гледишта, храмови и места за медитација или до центарот за посетители.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: BIG/Ferrari