Малтешкиот витешки ред е највисокиот ред на католичката црква. Го основал папата Паскал Втори во 1113 година и спаѓа во една од најстарите христијански институции.
Пасошот на овој ред можат да го добијат само три личности – големиот мајстор, заменикот на големиот мајстор и канцеларот на овој ред.
Поради тоа што е толку ексклузивен, неколку земји дури не го признаваат овој црвен пасош, а меѓу нив се Велика Британија, САД и Нов Зеланд.
Малтешкиот витешки ред е хуманитарна организација која пружи медицинска помош во најзагрозените делови од светот. И покрај суверенитетот и дипломатските односи со повеќе од 100 држави во светот, Редот нема своја територија.
Иако овој пасош имаат право да го поседуваат само тројца луѓе, Редот има повеќе од 13.500 витези, и капелани, со уште 80.000 волонтери и 25.000 вработени.
Покрај тоа што пасошот е редок, не е најмоќен. Истражувањата покажаа дека најмоќниот пасош на светот го поседуваат државјаните на Шведска.