X
 13.06.2018 Живот

Како ќе се менуваат личните документи ако се смени името?

Личните документи нема веднаш да се менуваат, туку кога ќе им истече важноста, доколку и Македонија и Грција ги ратификуваат договорите за менување на името на државата во Република Северна Македонија. Така граѓаните нема да имаат дополнителни, туку редовни трошоци кога ќе им истечат пасошот, личната карта или возачката дозвола, рече на денешната прес-конференција Миле Бошњаковски, портпарол во Владата.

- Личните документи нема да бидат специјално менувани, туку тековно, кога ќе им истече рокот. Тоа се лични трошоци на секој граѓанин и останува така. Кога ќе истече важноста на документот, ќе биде заменет со нов, но со изменети податоци – објасни Бошњаковски.


Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот