Што е среќа за вас? Понекогаш е навистина тешко да се најде одговор на ова прашање затоа што многу фактори треба да се земат предвид - семејство, здравје, работа што ја сакаме, прегратка, чувство на исполнетост, одмор...
Среќата е нешто сосема различно за секој од нас.
Меѓутоа, во свет кој се менува со огромна брзина, тешко е да се ужива во моментите што живот значат. Семеен ручек, обична прошетка во парк со најмладите или тричасовно кафе со вашиот најдобар пријател се ситуации кои треба повеќе да ги цениме.
Сепак, тајната на среќата може да биде многу поедноставна отколку што мислиме, а се сведува на односите со другите луѓе. Според психијатарот Роберт Валдингер од Универзитетот „Харвард“, тајната на среќата се крие во односите со другите луѓе. Без разлика на малите животни радости, можеме да имаме среќен и исполнет живот само ако сме опкружени со вистинските луѓе. Резултатите од истражувањето на Валдингер дополнително го објаснуваат ова тврдење, а психијатарот заклучил дека среќни се оние луѓе што имаат барем две доверливи личности во својот живот, оние на кои можат да им се обратат и во ноќ, да ги споделат своите најдлабоки тајни со нив и за возврат да добиваат поддршка и разбирање. Таквите луѓе ни го продолжуваат животот.
Валдингер се повикува на студијата на психологот Соња Љубомирски, која посочува дека 50 проценти од среќата е одредена од генетиката, додека останатите 50 проценти се под влијание на фактори кои се во наша контрола. Ова укажува дека и покрај генетските предиспозиции, луѓето имаат способност да ја обликуваат својата среќа преку своите постапки и врските што ги негуваат.
Затоа тој побарал од учесниците во неговото истражување да именуваат луѓе од нивните животи на кои би им се јавиле среде ноќ. Додека некои не можеле да именуваат ни едно лице, други можеле да именуваат неколку. Тие што споменале најмалку два СОС-повици, се изјасниле за најсреќни.
Споделувањето на стресните моменти со нашите драги луѓе е најдобриот лек во вакви ситуации.
Извор: zadovoljna.dnevnik.hr
Фото: Freepik