Многу патници се соочуваат со таканаречениот „срам за летање“ поради влијанието на патувањето со авион врз животната околина. Една компанија им нуди на вработените дополнителни денови за одмор доколку не патуваат со авион.
Британската компанија „Гринхаус ПР“ им нуди на вработените дополнителни платени денови за одмор за да ги поттикне да патуваат со други превозни средства наместо да летаат.
- Досега, иако многу луѓе се грижат за околината, летањето беше луксуз кој ослободува многу јаглероден диоксид за кој многумина не сакаа да зборуваат - вели Ана Гајер, извршен директор на компанијата.
Фото: Pixabay
Компанијата била инспирирана од извештај од американската организација „Рер“ кој открива дека самостојните активности, како намалувањето на летањето со авион, може значително да придонесат за намалување на штетните гасови во атмосферата.
Освен тоа, компанијата зела предвид и едно истражување од компанијата „Флајт Фри УК“, која сака да поттикне 100.000 луѓе да се откажат од летање во 2020 година. Истражувањето открива дека еден лет двојно го зголемува индивидуалното ослободување на јаглероден диоксид во една година. Еден прекуатлантски лет создава повеќе јаглероден диоксид од годишното консумирање месо или користење автомобил на еден човек.
Фото: Pixabay
Иницијативата им нуди на компаниите да покажат посветеност во намалувањето на штетните гасови во атмосферата.
- Многу бизниси велат дека се грижат за климатските промени, но не се однесуваат така - вели Гајер, повикувајќи ги компаниите да ѝ се придружат на „Гринхаус ПР“.