X
 12.06.2023 Образование

Каде може да работат студентите низ Европа и колку се платени?

Многу студенти што студираат во странство се прашуваат дали можат да работат за време на студиите. Според податоци собрани од платформата „Ерудера“, повеќето земји им дозволуваат на странските студенти да работат додека студираат.

Според податоците, работата за време на студирањето е легална во сите земји во Европа, освен во Украина. Од поголемите земји надвор од Европа, работата за време на студирањето не е легална во Индија, Израел, Индонезија и Тунис, меѓу другите. Меѓутоа, повеќето од земјите каде што може да се работи и студира истовремено бараат од студентите да добијат работна дозвола за да работат.

Кога станува збор за дозволените работни часови, во Естонија, Литванија и во Словенија може да се работи со полно работно време, а во Турција е дозволено да се работи 30-35 часа неделно. Во другите европски земји се дозволува работа со половина работно време или помалку. Проценетата минимална плата за еден час работа се движи од 1,53 евра во Бугарија до 35 евра во Лихтенштајн.


Фото: Pixabay

Според границите за дозволени работни часови и проценетата заработка, студентите може да заработуваат од 122,4 евра месечно во Бугарија до 2.837 евра месечно во Луксембург, каде што студентите од ЕУ може да работат и со полно работно време.

Во Данска студент би можел да заработува 1.360 евра месечно за половина работно време, во Финска 1.125 евра, а во Лихтенштајн 1.960 евра. Во Канада вработен студент со полно работно време би заработувал 1.787 евра месечно, а во Австралија 1.572 евра за половина работно време.

Сите податоци за повеќето земји од Европа и светот може да го најдете овде.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование