X
 12.06.2024 Живот

ЈСП: Средношколците можат да се возат бесплатно и за време на распустот

Средношколците што ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст, информира ЈСП.

Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која, меѓу другото, вели: „Со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и на летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот