X
 01.04.2016 Образование

МОН го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/2011, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15 и 30/16), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14 и145/15) и Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/14, 129/15 и 146/15), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот.

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Кликнете тука
Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2016/2017 година во Република Македонија



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование