X
 30.09.2020 Образование

Средношколците почнуваат со онлајн-настава и најавуваат бојкот во ноември ако таа не продолжи комбинирано

Бленди Ходаи од Сојузот на средношколци денеска порача дека средношколците ќе почнат со онлајн настава, но само до моментот кога ќе се подобри епидемиолошката слика поради коронавирусот.

-Ниту еден ученик не смее да биде лишен од ова основно право на образование. Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Ќе ја следиме состојбата во октомври, ако е подобрена, доколку не се почне со комбинирана настава во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците - истакна Ходаи.

Тој вели дека ќе бараат одговорност ако од утре не е функционална националната платформа за онлајн-настава.
- Службите не смеат сега да си играат со образованието – рече тој и додаде дека МОН имало време од април да ги реши сите пречки за онлајн- наставата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование