X
 12.07.2018 Наука

Шансите да живеете подолго се подобри откако ќе наполните 105 години

Најстарата личност во светот била Французинката Жан Калмент, која починала на возраст од 122 години и 164 дена во 1997 година - рекорд што го држи 21 година.

Бидејќи никој не ја надживеал, може да се претпостави дека луѓето ја достигнале својата граница. Но според едно ново истражување, ова можеби и не е вистина.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, „Беркли“ и Универзитетот „Сапиенца“ во Рим ги следеле животот и смртта на речиси 4.000 Италијанци на возраст од 105 години и постари во периодот помеѓу 2009 и 2015 година. Тие откриле дека шансите за умирање по 105-тата година всушност стагнирале.

Станува поголема веројатноста дека ќе умреме секој ден што го живееме бидејќи стапките на смртност се зголемуваат експоненцијално како што старееме. Меѓутоа, ако успееме да стигнеме до 80-тата година, шансите за умирање се намалуваат и стануваат 50:50.

- Тоа е еквивалентно на фрлање паричка секоја година - вели Џим Ваупел, еден од авторите и специјалист за стареење на Институтот „Макс Планк“.

Резултатите покажале дека луѓето помеѓу 105 и 109 години имале дополнителен очекуван животен век од една и пол година. Тој животен век бил ист за 110-годишниците и токму затоа е стагнирањето.

- Податоците ни покажуваат дека нема фиксна граница на животниот век на човекот. Не само што гледаме дека стапките на смртност престануваат да се влошуваат низ годините, туку гледаме и дека стануваа подобри со текот на времето - вели Кенет Вачтер, професор од „Беркли“.

Постои жестока дебата во научната заедница за тоа дали луѓето го достигнале животниот век. Вачтер и Ваупел веруваат дека нивниот труд е доказ дека не сме го достигнале.

Стапките на морталитет се зголемуваат кога стигнуваме до нашата 80. и 90. година поради дегенеративни болести, како деменција, поголем ризик од мозочен удар, рак и пневмонија.

Но Вачтер и Ваупел поставуваат теорија - дека луѓето што ќе ги преживеат овие болести го прават тоа поради природна селекција - послабите луѓе умираат порано, додека посилните стигнуваат до суперцентарска возраст. Сличен начин на живот бил забележан и кај црвите и мувите.

- Што имаме заедничко со мувите и црвите? Најмалку една работа: производ сме на еволуцијата - вели Вачтер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука