Фото: Getty Images
Не постои ништо поинтригантно од античка мистерија, а една од најголемите од овој вид е исчезнувањето на жителите на Велигденските Острови.
Островот на југоисточниот дел на Тихиот Океан пред неколку века имал просперитетна популација. Но во периодот околу 1860 година популацијата исчезнала.
Островот, најпознат по камените глави, бил дом на луѓето Рапа Нуи, меѓутоа, малку е познато за нив. Постојат многу популарни теории за тоа зошто овие луѓе исчезнале, почнувајќи од болести и конфликти, до уништување на шумите.
Но најпопуларната теорија е дека тие извршиле екоцид, термин кој се користи кога човек толку многу ја уништил природната средина, што таа станува неупотреблива и на крајот умира.
Приказната вели дека Рапа Нуи се населиле на островот во 1200 година, откако со кану дошле од Полинезија, но до периодот кога Европејците ги пронашле во 18 век веќе се случило големо уништување на луѓето.
Рибата била најчестиот извор на храна на овие луѓе, па тие граделе кануа од дрвјата. Сепак, со намалувањето на дрвјата, риболовот од океанот повеќе не била остварлива опција.
Токму поради ова, луѓето се одлучиле за храна од островот со лоши земјоделски методи, што довело до ерозија на почвата и пад на земјоделството.
Сепак, ново истражување потенцијално ја негира оваа теорија.
Тим од Универзитетот во Бристол, комбинирајќи ја работата од Универзитетот во Хаваи и Универзитетот во Бингамтон, вели дека доказите за еколошкиот колапс не се точни.
Нивните истражувања за различни ботанички, човечки и фаунистички остатоци на островот покажале што жителите на островот јаделе и како тие ја одгледувале храната.
„Успеавме да создадеме подетална слика за тоа што древните жители на островот јаделе, а во тој процес тие се запознале со нивните земјоделски методи“, вели Кетрин Џарман, водечки автор на истражувањето.
Оваа анализа откри дека луѓето Рапа Нуи никогаш не престанале со риболов бидејќи половина од протеините од нивната исхрана потекнувале од морскиот свет.
„Откривме дека постои значајна морска исхрана низ историјата, како и тоа дека луѓето јаделе морска храна. Ние исто така научивме дека она што го добивале од копнените ресурси доаѓало од модифицирани плочи и тие ги збогатувале почвите за да одгледуваат култури“, изјави Карл Липо од Универзитетот во Бингхамптон.
Луѓето Рапа Нуи биле доста паметни во врска со тоа како ги користеле своите ресурси.
Наодите укажуваат на тоа дека немало
земјоделски колапс и дека овие луѓе биле добри земјоделци.
„Ова има пошироки импликации бидејќи ни овозможува да откриеме како праисториските популации комуницирале со околината, без да се потпираат на современите историски извори“, додава тој.