X
 06.05.2017 Наука

Необјаснети тајни мистерии на длабоката вселена

Вселената е голема и темна, и не бидејќи нема воздух, никој не би можел да ве слушне ако врескате додека лебдите. Но, тоа не е единствениот кошмар кога станува збор за вселената. Зошто? Затоа што ако се повлечете неколку илјади светлосни години од вашата едноставна хуманоидна перспектива, ќе откриете дека универзумот содржи многу почудни, поголеми и позастрашувачки мистерии отколку што самите можете да замислите.

Сигналот „Wow“

Во 1997 година, радио телескопот наречен „Big Ear“ од Државниот универзитет во Охајо мудро набљудуваше и слушаше. „Big Ear“ бил изграден во 1963 година со цел да слуша широкопојасни радио емисии од ѕвездите, но во 1973 година бил пренаменет за „SETI“ (Search for ExtraTerrestrial Intelligence) со што започнал да го пребарува небото за поконкретни теснопојасни сигнали кои би можеле да укажуваат на интелигентен живот. Во 1977 година тие откриле нешто интересно.

Астрономот Џер Ехман ги анализирал компјутерските исписи од сигналите добиени од „Big Ear“ во текот на претходните неколку дена, кога дошол до низа на броеви и букви. „6EQUJ5“ може да не е ништо посебно, меѓутоа заедно со други податоци претставува континуиран теснопојасен сигнал од околу 1420 мегахерци, од една фиксна точка во вселената во соѕвездието Стрелец, која постепено расте, а потоа исчезнува како што радио телескопот поминува низ неговиот извор. Кога Ехман ја видел оваа секвенца на хартија, тој бил навистина изненаден - ја заокружил секвенцата и веднаш напишал „Wow“! во маргината, па оттука и името.

Со текот на годините, Ехман и други научници повторно го барале сигналот и се обиделе да го откријат неговото постоење. Но, откако отфрлиле дека станува збор за авиони, астероиди, рефлектирани терестријални сигнали, вселенски гасови, единственото објаснување било вонземска интелигенција.

1991 VG

Во 1991 година, американскиот астроном Џејмс Скоти забележал нешто чудно во небото. Од неговите први забелешки тој предвидел за тоа каде ќе се појави објектот повторно, но кога тој го насочил неговиот телескоп во таа насока, не успеал да го забележи објектот. Бидејќи било прилично мистериозно, претпоставките кои ги направил за брзината и насоката биле грешни, така што сосема случајно го забележал објектот.

Кога тој собрал „два плус два“, сфатил дека овој чуден објект кружел околу Сонцето во многу слична орбита со таа на Земјата. Ова е ретко за природен објект, поради близината на Земјата и нејзиното гравитациско поле обично ја прекинува својата орбита, и потоа ја испраќа на нов пат. Единственото реално објаснување е дека објектот е некој остаток од различни лансирања на предмети од периодот на Студената војна.

Празнината „Eridanus“

Вселената е прилично голема. Иако постојат многу ѕвезди и галаксии кои летаат наоколу, постои празен простор. И додека астрономите се навикнати да зборуваат за големи празнини помеѓу објектите, една празнина ги остави без зборови дури и вселенските експерти.

Првото навестување за постоењето на празнината „Eridanus“ се појавило за време на истражувањето на таканаречената позадина на космички микробран, што всушност се електромагнетни остатоци од најраните моменти на универзумот. Кога експертите ги анализирале резултатите, тие забележале „студена точка“ во насока на соѕвездието „Eridanus“. Последователните набљудувања идентификувале дека празнината „Eridanus“ е неочекувано голема и доста празна со околу една милијарда светлосни години во дијаметар. Дури и за астрономски стандарди, ова е прилично големо парче празнина или реален вакуум.

Дел од научниците сметаат дека станува збор за постоење на супер масивна црна дупка со маса од илјадници галаксии. Оваа црна дупка има моќ да ги исцица сите ѕвезди, планети, прашина, светлина, темна материја и радијацијата од позадината на космичкиот микробран за големи растојанија, растејќи уште посилен со секој „оброк“.

Други научници наместо црна дупка велат дека празнината е доказ за паралелен универзум, во кој постојат напредни и безмилосни вонземјани кои чекаат шанса да нè иселат од Земјата.

„ASASSN-15lh“

Суперновите се некои од најголемите експлозии кои луѓето би ги доживеале. Како и повеќето експлозии, не е потребно да помине многу време за човек да се навикне на нив. Секако, сè додека не се појави уште поголема експлозија - тогаш човек седнува и започнува да набљудува и анализира. Токму ваков бил случајот со „ASASSN-15lh“, супернова која за прв пат била забележана во јуни 2015 година, а која е оддалечена 2.8 милијарди светлосни години.

Она што ја прави посебна е тоа што научниците не можат да ја објаснат. За разлика од обичната супернова, „ASASSN-15lh“ е 10 пати посветла и значително помоќна. Исто така, кога астрономите се обиделе да ја анализираат светлината која ја емитувала, не можеле да пронајдат докази за водород кој би требало да биде присутен. Најдобро објаснување вклучува нешто што се нарекува магнетар - вид на магнетна неутронска ѕвезда која со брзо вртење со силно магнетно поле, може да обезбеди екстра енергија за проширување на топка со прегреан гас.

Вообичаеното однесување на суперновата се состои од светол блиц проследен со бавно бледнеење. И додека „ASASSN-15lhh“ првично го следела овој курс, неколку месеци откако започнала да бледнее, нејзината ултравиолетова светлина повторно се вратила.

„KIC 8462852“

Популарен начин за набљудување на планетите денес е мерење на количината на светлината која ѕвездата ја дава. Кога планетата поминува покрај нејзината ѕвезда домаќин предизвикува мал, но забележлив, пад на светлината. И со мерење на фреквенцијата на овие опаѓања, може да се утврдат доста детали за природата на светлината - дали таа е потенцијално погодна за живот и дали е дом на вонземски живот. Но, понекогаш телескопите наменети за набљудување гледаат работи кои тешко се објаснуваат.

„KIC 8462852“ е ѕвезда од соѕвездието „Cygnus“ околу 1.400 светлосни години оддалечено од Земјата. За разлика од ѕвезда со планета во орбитата, оваа ѕвезда прикажува светлина до 20%. Во 1960 година физичарот Фримен Дајсон предложил теорија која вели дека интелигентна вонземска цивилизација пораснала толку многу што ѝ била потребна повеќе енергија отколку што би можела да биде генерирана на една планета.

Големиот привлекувач

Сигурно сте искусиле кошмар во кој некаде сте заглавени, а некој ве влече во неизбежна пропаст. Токму ова се случува, но во галактички размери. Тоа е затоа што, со брзина од 2.2 милиони километри на час, Млечниот пат заедно со придружните галаксии се движат кон површина од просторот за нас непозната. Брзината со која се движиме подразбира површина во вселената која создава масивна гравитациска сила, приближно еднаква на 10.000 галаксии. Со оглед на тоа што цица сè што е во значителна дистанца, овој мистериозен регион е наречен „Големиот привлекувач“. Уште пострашно е тоа што не можеме да го видиме.

Големиот привлекувач се наоѓа во регион од вселената кој астрономите го нарекуваат „Зона на одбегнување“ што е прилично иронично бидејќи не можеме да го избегнеме. Така се вика бидејќи се наоѓа точно на другата страна од најгустиот дел на Млечниот пат, така што неговото набљудување низ сите тие ѕвезди и масовни облаци од вселенска прашина е речиси невозможно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука