X
 12.07.2022 Наука

Во четвртокот се отворила пукнатина во магнетното поле на Земјата и останала отворена 14 часа

Во четвртокот се отвори пукнатина во магнетното поле на Земјата која остана отворена речиси 14 часа. Ова овозможи моќни соларни ветрови да излезат од дупката, создавајќи геомгнетна бура што предизвика прилично епска поларна светлина.

Пукнатината во магнетното поле е создадена од редок феномен наречен коротирачки интеракциски регион (CIR) од Сонцето. CIR претставува плазма-структури од големи размери генерирани во регионите со ниска и средна географска ширина на хелиосферата - регионот што го опкружува Сонцето кој ги вклучува Сончевото магнетно поле и Сончевите ветрови - кога комуницираат брзото и бавното движење на струи на Сончев ветер.

CIR се исфрлаат од Сонцето кон Земјата и може да содржат ударни бранови и компресирани магнетни полиња кои предизвикуваат бурно вселенско време, што обично ние го гледаме како убава поларна светлина.

Овој пат пукнатината во магнетното поле на Земјата се појави во раните утрински часови на 7 јули и предизвика долготрајна геомагнетна бура од класата G1.

Пукнатините во магнетното поле на Земјата се нормални. Магнетното поле дејствува како штит за да нѐ заштити од Соларните бури од Сонцето. Научниците сметаа дека пукнатините се отвораат и се затвораат релативно брзо, но сега знаеме дека можат да останат отворени со часови.

- Откривме дека нашиот магнетен штит е провев, како куќа со отворен прозорец за време на бура - вели Харалд Фреј, главен автор на истражувањето.

- Куќата го одвраќа најголемиот дел од бурата, но каучот е уништен. Слично на тоа, нашиот магнетен штит го презема товарот од вселенските бури, но дел од енергијата успева да излезе од нејзините пукнатини, понекогаш доволно за да предизвика проблеми со сателитите, радиокомуникацијата и електроенергетските системи - додава тој.

Се чини дека овој пат немаше прекини на радио или прекин на електричната енергија, но жителите на САД и на Канада беа сведоци на прекрасна поларна светлина.

Извор: Iflscience.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука