X
 12.08.2016 Наука

Мрзеливоста е всушност знак за висока интелигенција

Паметните луѓе поминуваат повеќе време лежејќи и не правејќи ништо отколку помалку интелигентните луѓе, вели новото истражување.
Иако мрзеливоста е дел од нивната личност, интелигентните луѓе се и понатаму посреќни луѓе кај кои досадата е редок поим.

Научното истражување од Универзитетот Флорида Гулф Коуст покажува дека интелигентните луѓе уживаат во сопствените мисли, па често пати се изгубени во сопствените мисли. Резултатите покажуваат дека помалку интелигентните луѓе се повеќе склони кон здодевност, такашто физичката активност ја користат како начин на ублажување на здодевноста.

Во текот на истражувањето научниците го искористиле тестот за потреба од сознавање кој е стар со децении со кој се тестираат менталните процеси. Тестот идентификувал 30 студенти кои покажале поголем интерес кон зачестеното размислување и 30 кои сакале да избегнат ментално размислување.

Тестот, кој бил спроведен онлајн, вклучувал рејтинг за тоа колку силно учесниците се согласувале со изјави како: „Навистина уживам во задача која вклучува откривање на нови решенија за проблемите“.

Сите учесници - и оние кои сакале да размислуваат, и оние кои не сакале да размислуваат потоа носеле фитнес тракер на нивните зглобови во период од седум дена со цел да измерат колку се физички активни во текот на нивниот живот.

Учесниците кои сакале да размислуваат биле помалку активни од оние на кои размислувањето не им било привлечно. Немало никаква разлика помеѓу двете групи во текот на викендот, нешто што научниците не можеле да го објаснат.

Иако помалку активните луѓе се поинтелигентни, истражувачите истакнуваат дека физичката активност е важна за избегнување на негативните ефекти на седентарниот начин на живот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука