Нашите тела се менуваат секој ден, но промените не ги гледаме толку брзо. Ги забележуваме неколку години подоцна или по една деценија. Иако понекогаш се чувствуваме многу помлади отколку што сме, промената е неизбежна и ќе му се случи секому.
1. Од 20 до 30 години
Во оваа деценија повеќето луѓе се чувствуваат млади, енергични и ретко размислуваат за стареењето. Но, и во овие години се случуваат мали промени. Можеби нема да ги забележите во раните 20-ти, но како што се ближи триесеттата, може да станат позабележливи.
- Коските престануваат да растат.
- Се намалува количеството на колаген.
- Растат умниците.
Совет: Иако во 20-тите веројатно не ве мачи прекумерната тежина, време е да почнете да внимавате што јадете. Ако не почнете да внимавате на исхраната, би можеле непријатно да се изненадите кога ќе влезете во триесеттата. Исто така, добро би било да почнете да јадете повеќе храна што содржи колаген.
2. Од 30 до 40 години
- Многу 30-годишници сè уште се младолики, но промените во телото стануваат сè побрзи и повидливи.
- Се влошува тонусот на мускулите.
- Се намалува количината на мускулно ткиво кое се заменува со масно ткиво.
- Производството на колаген и понатаму опаѓа.
Совет: Иако можеби досега сте биле во добра физичка форма без посебен напор, сега е време да почнете да применувате некакви спортски активности. Ако не се движите, вашиот мускулен тонус би можел да се најде во навистина лоша состојба. Важно е да внимавате и на кожата и да го намалите сончањето.
Фото: Printscreen/Youtube
3. Од 40 до 50 години
Некои научници веруваат дека човечкото тело кулминира со развојот на 38 години и потоа почнуваме да старееме. Промените се сè побрзи и повидливи.
- Се намалува бројот на нервните клетки.
- Се насобираат маснотии во телото.
- Се влошува видот.
- Зглобовите и коските стануваат кревки.
- Се намалува естрогенот и се зголемува крвниот притисок кај жените.
Совет: На оваа возраст клучна е физичката активност. Ќе ви помогне да ја одржувате нормалната функција на срцето и да го намалите падот на мускулното ткиво. Ако досега не сте вежбале, почнете со лесни активности, како пешачење и пливање. Исто така, сега е време да почнете да го следите крвниот притисок бидејќи ризикот од кардиоваскуларни заболувања е значително зголемен на оваа возраст.
4. Од 50 до 60 години
До 60 години телото видливо се менува. Промената не зависи само од гените, туку и од навиките што сте ги создале во исхраната или физичката активност, но, сепак, повеќето луѓе ги доживуваат истите промени.
- Мозочните клетки не закрепнуваат по оштетувањето.
- Се зголемува ризикот од проблеми со желудникот.
- Се нарушува меморијата.
Совет: Во овие години промените главно се поврзуваат со мозочната активност, па обидете се да учите нови работи за да го одржувате мозокот активен. Многу луѓе почнуваат да имаат проблеми со помнењето. Потрудете се да јадете повеќе храна што има позитивно влијание врз мозокот.
5. Од 60 до 70 години
На оваа возраст промените се повеќе од очигледни.
- Ослабени се нашите рецептори, па затоа послабо чувствуваме вкус, мирис, а дури и температура.
- Се менува гласот.
- Слабее срцето.
- Коските стануваат потенки, па некои луѓе губат на висина.
Совет: На оваа возраст важно е редовно да одите на лекарски преглед и здраво да се храните. Исто така, мора да бидете физички активни за да го намалите пропаѓањето на мускулите.
Извор:
Index.hr
Фото: Printscreen/Youtube